Денеска топло и сончево, за утре најавена нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време со максимални 31 степен.

Утре попладне и кон крајот на денот ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда и четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и сабота.

Leave a Reply