Денеска температури до 31 степен

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 23 до 31 степен целзиусов. Индексот на УВ зрачењето ќе биде многу висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне до 27 степени.

Следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.