Денеска температури до 14-от степен

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде релативно сончево со мала до умерена облчаност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Повеќе облачност ќе има во западните делови од земјава. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер, а температурата ќе биде во интервал од 8 до 14° C.

Во околината на Куманово времето денеска ќе биде сончево до умерено облачно, со слаби налети на ветер од југоисточен правец. Температурата ќе досгитне до 8-от степен, а утринската ќе се спушти околу нулата.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, повремено со локален дожд претежно во западните делови и со услови за магла по котлините.

До вторник ќе биде релативно топло, а од среда се очекува спуштање на дневната температура. Во вторник ќе започне да дува повремено засилен ветер од југозападен правец.