Денеска сведочеше семејството кое ја издало куќата на обвинетите од Диво Насеље

Сподели со своите пријатели

На денешото рочиште од судењето за настаните од Диво Насеље денес пред судскиот совет, искази дадоа тројца сведоци предложени од одбраната, пренесува новинаската агенија МЕТА.

Двајца од нив биле ќерката и сопругата на обвинетиот Фадиљ Фејзулаи, кој, според обвинителниот акт, им ја издал куќата на членовите на вооружената група.

Ќерката, Артизана Фејзулаи, на прашања од обвинителите, изјавила дека утрото на 9 мај, околу 5 часот, полицијата дошла пред нивната куќа на Романовски пат и почнала да пука. Според нејзиното сведочење, полицајците ја скршиле вратата и влегле внатре.

– Во пет часот бевме опколени целата фамилија и не знаевме што се случува. Имаше многу малтретирање и тепање и искршени врати. Не знаевме зошто дојде полицијата. Го бараа татко ми, но не го најдоа – рече Артизана Фејзулаи.

На прашање на обвинителот зошто не го нашле, таа одговори дека имал друштво и одел во кафеани и дека татко ѝ не кажувал каде оди.

Таа рече дека пред четири години живееле во Диво Насеље, а потоа се преселиле и живеат на Романовски пат.

Нејзината мајка, Фикрие Фејзулаи, изјавила дека полицајците, кога влегле во куќата, барале злато и дрога.

Сите сведоци како што пренесува МЕТА, изјавиле дека пред 9 мај не забележале ништо невообичаено и сè било нормално и мирно.

Иако беа предвидени четири сведоци, едниот не сведочеше бидејќи обвинителството, но и адвокатите на одбраната проценија дека не е во можност да даде исказ поради здравствената состојба.

Денеска новинарите што го следат судскиот процес, рочиштето го проследија на телевизор во библиотеката на Основниот суд Скопје 1.

Извор: МЕТА