Денеска сончево до умерено облачно, од понеделник повисоки температури

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денешниот ден ќе имаме претежно сончево време со мала облачност во претпладневните часови, која попладне особено во северните делови ќе се зголеми.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе се движат од -3 до 5 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнуваат во рамките од 15 до 22 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околината во текот на денот не очекува претежно сончево време со умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде околу 4 степени, додека максималната дневна ќе се искачи до 16-от степен.

Како што потенцираат од УХМР, продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Од понеделник под влијание на потопла воздушна маса во пораст ќе бидат и дневните температури.