Денеска со врнежи од дожд, температурите во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег.

На југозападот ќе дува засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 11 степени целзиусови.

Врнежите се очеува да престанат во текот на ноќта кога температурата ќе се спушти до 3 степени целзиусови.

Нов влажен бран се очекува за време на викендот.

Никола Ивановски

Leave a Reply