Денеска слаби услови за дожд, топлото време продолжува

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во југозападниот дел од земјава .

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб ветер претежно од источен правец, а УВ индексот ќе биде со коефициент 8.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека максималните ќе бидат во интервал од 30 до 36 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и многу топло време со максимална температура од 33 степени.

И во наредните денови, според УХМР, продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Leave a Reply