Денеска повеќе сонце и 24 степени целзиусови

Сподели со своите пријатели

Како што јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Република Македонија можеме да очеккуваме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од  променлив праврц правец.

Loading...

Утринската температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Куманво ќе се разбудиме на релативно ниска температура од 5 степени целзиусови, додека времето во текот на денот ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и сосема слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 21 степен.

Во наредните два дена времето ќе биде сончево со умерена облачност, а температурата ќе има тенденција постепен благ пораст.

Од недела попладне ќе има зголемување на облачноста а кон крајот на денот и во почетокот на неделата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремен локален дожд – додаваат од УХМР.