Денеска попладне повторно услови за дожд и електрични празнења

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска претпладне нè очекува променливо облачно време со локален дожд.

Loading...

Попладне на места ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено на исток. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Што се однесува до Куманово, денеска нè очекува сончево до умерено облачно време во претпладневните часови, а веќе попладне облаците и слабиот југоисточен ветер ќе донесат нестабилност во форма на невреме со дожд и силни електрични празнења.

Температурата ќе се движи од минимални 11 во утринските часови, додека максималната дневна ќе достигне 20 степени целзиусови.