Денеска ќе биде погребан Оливер Ивановиќ

Сподели со своите пријатели

Лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ ќе биде погребан денеска во Белград.

Ивановиќ ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта, а погребот е закажан за 12:30 часот.

Две камери го снимиле убиството на Оливер Ивановиќ?

Loading...

Ковчегот со посмртните остатоци на Оливер Ивановиќ вчера е префрлен од Косовска Митровица во капелата на Новите гробишта во Белград, каде граѓаните, се до погребот, ќе може да му одадат почест.

Ивановиќ е убиен во вторник, 16. јануари пред седиштето на своето движење во Косовска Митровица.

Во среда повеќе илјади граѓани во Косовска Митровица му одадоа почит на Ивановиќ, чие тело било изложено во седиштето на иницијативата.