Денеска и утре претопло, за викенд врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

 Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 34 степени целзисуови.

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, под влијание на многу топла воздушна маса во петок ќе биде уште потопло, температурите на повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови на кумановско денеска и утре без струја

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Температурите значително ќе се намалат.

 

Никола Ивановски

Loading...