Денеска и утре Македонија во жолта фаза поради високи температури

Сподели со своите пријатели

Центарот за управување со кризи информира дека целата територија на Република Македонија денеска и утре ќе биде на ниво „Алерт 1“ или жолта подготвителна фаза поради високите температури кои ја зафатија државата, а се необични за овој период од годината.

Loading...

Со предупредувачката фаза се апелира до институциите да ги превземат сите одговорности пропишани со Здравствен акционен план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на луѓето.

Денешната температура ќе достигне максимални 38 степени.