Денеска и утре без струја повеќе локации во Куманово и околината

Сподели со своите пријатели

Без електрично напојување денеска и утре ќе бидат повеќе локации низ Куманово и селата во околината.

Loading...

Во период од 08:00 до 15:00 часот прекини на електрична енергија ќе има во дел од селата Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кшање, Кокошиње и затворот Кшање.

Во текот на утрешниот ден почнувајќи од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од населбата Средорек, улицата „Доне Божинов“ и „Никола Тесла“. Во истиот перид без струја ќе биде и дел од селото Доброшане, како и Долно Којнаре, поточно месноста викана мала Палестина.

Во период од 11:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од Ајдучка чешма место викано Длабочичка.

Станува збор за највени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply