Денеска е светскиот ден на најдобриот лек – смеата

Сподели со своите пријатели

Дека смеата е најдобриот лек е фразата со која Индиецот, мадан Каитаира во 1998 го вметна Светскиот ден на смеата кој се слави два пати во годината, на 10-ти јануари и 2-ри мај со што докажал дека смеењето а најдобриот лек против многу заболувања, првенствено против стресот кој во современиот начин на живот е во секојдневен пораст.

Целта на Светскиот ден на смеата е да ти поттикне луѓето што повеќе да се смеат и да се чувствуваат подобро, растеретени од стрес и да ги намалат грижите и депресијата и така да го зајакнат својот имунитет, препорачуваат бројни научници и лекари кои истакнуваат дека со смеењето треба да се занимаваме секој ден.

Ако организмот е под стрест се зголемува нивото на кортизол и адреналин, што може да развие зголемување на крвниот притисок и запушување на артериите, а истражувањата покажуваат дека смеењето предизвикува посебни физиолошки промени кои му помагаат на организмот.

Така смеењето го зголемување створањето на лимфоцитите и активноста на станиците кои ги убиваат туморските станици. Со смеењето се зголемува нивото на гама – интерферон, проетеин активен во борбата против било која болест. Смеењето е лек кој доведува кислерод во крвните садови и поттикнува лачење на еднорфин(протеин кој се состои од 31 аминокиселина), па може да ја промени хемијата на мозокот на подобро.

Исто така откриено е дека потрпошувачката на енергијата во неколку минути смеење е иста каок количината на потрешоена енергија по 15 минути возење на собен велосипед.

Кога се смееме ни работат 15 мускули на лицето. Истражувањето покажало дека во возрасните години се смееме околу 17 пати дневно, додека најмладите тоа го прават и до 300 пати на ден. Жените почесто се смеат на мажите, отколку мажите на жените.

Докажано е дека луѓето некогаш се смееле во просек 18 минути дневно, а денес тоа е сведено на само шест минути. Ако земеме предвид дека според одредени истражувања, 70% од заболувањата се поврзани за стрес, луѓето би требло да се трудат секој ден да имаат некоја минутка смеење.

Смеењето освен за луѓето, својствен е и за други цицачи, кучиња, делфини, коњи…

Во современото информатично време заштитиниците на насмевката се популарните „смајлиња“, кружни лица кои ги испраќаме кога се допишуваме.