Денеска е Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот организира комеморативна церемонија.

Со комеморацијата ќе им се оддаде почит на сите жртви на Холокаустот, вклучително и на 7.144 Евреи од Македонија кои во 1943 година беа депортирани и екстерминирани во логорот „Треблинка“.

Комеморацијата ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска.