Денеска е „машкиот осми март“ – Среќен празник!

Сподели со своите пријатели

Денес е Светскиот ден на мажите, а се одбележува во 50 земји ширум светот.

Loading...

Меѓународниот ден на мажите е годишен настан кој се слави денес, на 19-ти ноември. Од 1999 година во Тринидад и Тобаг, овој ден ја доби подршката од многу поединци и општества во Австралија, на Карибите, во Северна Америка, Азија, Европа, Африка и ЕУ.

Меѓународниот ден на мажите има за цел да ги истакне позитивните машки примери значење за грижата за здравјето, кое мажите често го занемаруваат.

Денот на мажите се одбележува со цел подигање на свеста за здавјето на мажите, старите и младите, бидејќи нивниот животен век е во просек есдум години пократок од животниот век на жените.

Припадниците на т.н. посилен пол денес се и физички и психички прилично оптеретени, поради тоа што повеќе внимание би требало да посветат на сопственото здравје.

Постои мислење дека немарноста и негрижата кон здравјето и телото обично се врзани за мажите, па важно е од мали нозе сите да участ за здравиот начин на живот.

Воедно, овој ден е можност да се нагласи дискриминацијата кон мажите и момчињата и да се прослават нивните достигнувања и доприност, посебно нивниот доприност во заедницата, семејството, бракот и грижата за децата и да се истакнат позитивните машки узори.

Улогата на мажите како сојузници и партнери е многу значајна во борбата против насилствто над жените и девојчињата.

Loading...

Говорејќи во име на УНЕСКО, директорката на организацијата „Жените и културата на мирот“, Ингеборг Брајнс вели – Тоа е изврсна идеја која ќе придонесе на работна рамнотежа. УНЕСКО многу убаво соработува со организаторите.

Улогата на мажите, како и свеста за тоа е важен фактор за остварување на работните рамномерности. Воедно, треба да се преминат стереотипите, како што е ставот дека насилството се одликува јазикот на мажите, а паралелно со тоа влијае и значењето на грижата за телото и здравјето, кое мажите често го занемаруваат.

Во секој случај нека е среќен денот на мажите.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.