Денеска дожд и грмотевици, нов влажен бран од сабота

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Loading...

Попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и грмотевици, особено во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 25 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во четврток и петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер.

Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply