Денеска дожд и грмежи, од утре значително затоплување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време, а во попладневните часови услови за дожд и грмежи. Максималната дневна температура се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Под влијание на топла воздушна маса од југ во следните денови ќе има значително затоплување  со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне во западните делови ќе има услови за локален дожд, велат од УХМР.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply