Денеска до 40 степени, утре обилни врнежи од дожд и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локалне облачност и со умерен југозападен и јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне можна е локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени целзиусови. УВ индексот и денеска ќе има многу висока вредност со коефициент 9, па се препорачува соодветна заштита од сонцето и избегнување движење во период од 11 до 17 часот, а властите прогласија жолт метео аларм, Алерт 1 со кој се предвидува вклучување на институциите во заштитата на населението. Хронично болните и стари лица да ја земаат својата терапија и да престојуваат во климатизирани простории.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност во попладневните часови кога не е исклучена и појава на грмежи со слаби услови за дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 36 степени целзиусови.

До утре нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе. И денес не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја.

Од вторник се очекува промена на временската состојба, ќе има врнежи од дожд , кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Ќе дува умерен југозападен и јужен ветер, кој попладне на повеќе места ќе се засилува. Од среда до петок претпладне, времето ќе биде променливо и посвежо со локален дожд. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и во среда и четврток и ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 7.