Денеска до 25 степени, од среда пораст на температурите, но со свежи утра

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повременo засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 17 степеи, додека максималните дневни ќе бидат под просечната вредност за овој период од годината и ќе биде во инетервал од 22 до 29 степени. УВ=7.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево до умерено облачно и ветровито време. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 25 степени целзиусови.

Од среда следува период на претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, така што во деновите од викендот ќе биде во интервал од 30 до 38 степени, велат од УХРМ.