Денес услови за врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето рано утринава беше умерено до значително облачно и дува слаб до умерен претежно западен ветер. Слаб дожд врне во 7 часот во Крива Паланка, Битола и Виница, а магливо е во скопската котлина. Слаб снег врне во Лазарополе.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи денес претпладне претежно во западните и северните делови од земјата се уште ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег, а на пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата ќе биде во интервал од о до 10 ° С.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време со повремени услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 5 степени целзиусови, додека минималната во текот на ноќта ќе се спушти до -8 степени.

Денес претпладне во западните и северните делови од земјата се уште ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег и таму снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 см. На пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд. Утре ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.