Денес услови за дожд, од понеделник пад на температурите и за десет степени

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне најпрвин од запад ќе се зголеми облачноста и ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи претежно во западните и југоисточните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 32 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во Куманово. Со услови за краткотраен докализиран дожд и грмежи и температура до  степени целзиусови.

Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне, на повеќе места и до десетина степени во однос на денешните.

 

Loading...