Денес топло со слаб ветер – дожд во четврток

Сподели со своите пријатели

Според најавите на УХМР, денес се очекува сончево и топло време со слаб ветер од југоисточен и јужен правец.  Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 9 до 17, а дневната од 31 до 37 степени. УВ  индексот ќе има вредност 7.

Loading...

 Во текот на идната недела ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време. Зголемена облачност ќе има во среда кон крајот на денот, која во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе биде проследена со локален краткотраен дожд и појава на грмежи.