Денес сончево време – во петок уште потопло

Сподели со своите пријатели

Според метеролозите на УХМР, денес во Македонија ќе се задржи претежно сончево и топло време со слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Loading...

По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.

Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 9 до 17, а дневната од 28 до 33 степени. УВ=6

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови сончево и доста топло време за овој период од годината.

Најтопло се очекува во петок, кога максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени.

Во деновите од викендот температурата ќе биде во постепено благо опаѓање, а од недела попладне ќе има и локален дожд со ретки грмежи.