Денес сончево и потопло, од утре повторно невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и слаб ветер, претежно од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови е можна краткотрајна појава на врнежи од дожд. Минималната температура ќе се движи од 15 до 22 степени, додека максималната од 27 до 35 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува краток јужен, односно југозападен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 31 степен.

В четврток попладне и во петок ќе бидеме под влијание на влажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.

Во петок преку денот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време.