Денес сончево и многу топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кои попладне локално ќе се засилува. Минималните температури ќе бидат од 9 до 17, а максималните дневни во интервал од 26 до 33 степени целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Куманово и околината сончево до умерено облачно време со слаб ветер од југозападен правец и максимална температура од 29 степени целзиусови.

И утре времето ќе боде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, дневната температура на повеќе места ќе го надмине 30-от степен целзиусов.

Од средината на работната седмица во попладневните часови ќе има локален краткотраен пороен дожд со појава на грмежи. Температурата на воздухот ќе бележи благ пад.

 

Loading...