Денес снег, а ноќва екстремно ниски температури

Сподели со своите пријатели

Утринава насекаде во земјава беше облачно и многу студено, на повеќе места со врнежи од снег со слаб а на планините и во источните делови врнежите од снег се со  умерен интензитет . Дува слаб ветер од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места, долж јужното Повардарие и Штипскиот регион.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег со слаб интензитет, а во источните делови облачно со врнежи од снег со умерен интензитет. Ќе дува  умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од -10 до -3 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме болачно и многу студено време проследено со интензивни врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе биде околу -9 степени. Разведрувањето во вечерните и ноќните часови ќе предизвика престан на врнежите од снег, но ќе донесе екстремно ниски температури од -20 степени целзиусови.

И утре времето ќе биде  студено со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и во јужните делови ќе има врнежи од снег со слаб интензитет.Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

До четврток ќе се задржи многу студено со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.