Денес се навршуваат 35 години од смртта на Јосип Броз Тито

Сподели со своите пријатели

На денешен ден се навршуваат 35 години од смртта на Јосип Броз – Тито, доживотен претседател на поранешната СФРЈ и врховен командант на Југословенската Народна Армија.

Loading...

Тито е роден во Кумровец, Република Хрватска на  7 мај 1892, а почина во Љубљана на 4 мај 1980 година. Јосип Броз беше југословески комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Во младите денови, Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

Најголемата сила на Тито во очите на Западот е неговиот успех во сузбивање на националистичките чувства и одржување на единството во земјата. Титовиот повик за единство и поврзаните методи се тие што ги држат народите на Југославија заедно. Оваа способност се става на тест неколку пати за време на неговото владеење, особено за време т.н. Хрватска пролет (исто така означувана и како „масовно движење“ и „маспок“) кога владата ги сузбива и јавните демонстрации и различните мислења во Комунистичката партија.

Во 1980, Тито е прифатен во клиничкиот центар во Љубљана, Словенија со проблеми на циркулација во нозете, по што неговата лева нога е ампутирана. Тој умира таму на 4 мај 1980, а неговиот погреб привлекува многу светскиполитичари. Тоа е најголемиот погреб во светската историја по оној на папата Јован Павле II според бројот на политичари и државни делегации.

Loading...

Тито е погребан во мавзолеј во Белград, наречен Куќа на цвеќето, и многу луѓе го посетуваат тоа место како храм за подобрите времиња, иако веќе не носи белег на чест.

Подароците што Тито ги прима за време на неговото претседателство се чуваат во Музејот на Историјата на Југославија (чии стари имиња се „Музеј 25 Мај“ и „Музеј на Револуцијата“) во Белград. Вредноста на оваа колекција е бесценета: таа вклучува многу светски-познати уметници, вклучувајќи оригинални дела на Франциско Гоја и други.

За време на неговиот живот, а особено во првата година по неговата смрт, неколку места се именувани по Тито. Во Република Македонија градот Велес во чест на Тито одреден период го носеше називот „Титов Велес“.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *