Денес пониски температури со засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд предвидуваат метеоролозите за денешниот ден.

Попладне врнежите ќе престануваат и ќе се повлекуваат кон југ и исток и ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и кон исток повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата денес ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.

Во наредните денови следи период на променливо облачно време без промена на дневната температура, а локален дожд ќе има во петок.