Денес ни доаѓа лето но со температури до 20 степени

Сподели со своите пријатели

Денес во 18 часот и 36 минути на северната земјина полутопка почнува летото. На северната хемисфера летото ќе трае од 21 јуни до 23 септември.

Loading...

Во најголем дел од земјата температурата во 7 часот беше со вредности помеѓу 12 и 14 целзиусови степени, додека во Гевгелија беа измерени 18°С (УХМР).

Облачната маса која го донесе бран на врнежи полека се „извлекува“ кон исток. Врнежите во западниот регион од земјава веќе се со тенденција на слабеење, а во источниот рагион се` уште претпландево има услови врнежите да „држат“ умерен интензитет.

Попладне ќе имаме позначително намалување на облачноста, додека вечер можеме да очекуваме разведрување.

Денот ќе биде релативно студен.

Максималната температура ќе има вресности помеѓу 17°С и 20°С во поголем дел од низинските места. Само малку над 20°С максималната температура ќе достигне во пошироката околина на гевгелискиот крај.

Во првиот ден на летото кој се нарекува долгодневница или летен солстициум, ноќта е најкратка а денот е најдолг.

 

Loading...