Денес и утре до минус 12 со силен ветер до 60 километри на час

Сподели со своите пријатели

Во поголемиот дел од земјава преовладува облачно и студено време, а во југозападните и југоисточните делови со умерена облачност. Дува умерен до засилен северозападен ветер, особено во Скопската котлина и Штип каде ветерот на моменти достигнува брзина од 45 до 60 км/час.

Во западните планински предели има сеуште провејување на снег.

Дневната температура ќе се движи во интервалот од -6 до 1 степен.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и студено време, особено во вторник и среда кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени. Постепен пораст на дневните температури се очекува од среда.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.