Денес до 39 степени – за викенд нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Потопло и сончево време се очекува во четврток. Попладне ќе има мало локално зголемување на облачноста, но без услови за дожд. Сосема слаб ветер ќе дува во текот на денот.

Loading...

Највисоката дневна температура ќе има вредност од  37°С до 39°C низ повардарскиот регион, околу 33°С во југоападниот регион и околу 35°С во низините од источниот крај.

Викендов кој што е пред нас ќе донесе топло, но и локално нестабилно време. Температурата во сабота ќе има максимална вредност која за малку ќе надминува 35°С долж повардарието и низините во источниот крај. Пелагониската котлина очекува максимална околу 33°С додека охридско-преспанскиот крај ќе биде за околу два степени посвеж од Пелагонија.

Недела во однос на сабота ќе биде посвежа за околу еден до два степени.