Денес благ пораст на дневните температуири

Сподели со своите пријатели

И покрај фактот што малку ќе разведри и „ситно“ ќе подзатопли, тоа нема многу да ја промени генералната слика на свежо и облачно мајско време и во четврток. Наутро облачно, исто како и претпалдне, пишува порталот МетеоПро.

Попладне се очекува постепено намалување на облачноста, но сепак и покрај тоа услови за сосема слаб повремен дожд ќе има во повисоките региони од северната половина од земјата.

Приквечер се очекува позначително намалување на облачноста.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната вредност на дневната температура ќе има вредности помеѓу 15°С и 19°С во котлините во западниот крај, како и долж повардарието, додека југоисточниот крај очекува максимална околу 20°С.