Ден без автомобили во понеделник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пред главниот влез на Основнотно општинско училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово, во понеделник со почеток во 08:00 часот ќе се одржи манифестацијата „Ден без автомобили“.

Loading...

Учениците од оваа училиште во понеделник ќе возат велосипеди низ централното градско подрачје, кое привремено ќе биде затворено за сообраќај.

Целта е да се испрати порака до сите дека велосипедите како превозно средство треба да ги користиме што почесто.

Настанот е во соработка со локалната самоуправа и Секторот за внатрешни работи Куманово, а во рамките на Европската недела на мобилност, која годинава се реализира под мотото „Пешачи со нас“.

Leave a Reply