Демонстранти во Индонезија палеа знамињата на Шведска, Данска и Холандија

Сподели со своите пријатели

Неколку стотици муслимани во Индонезија се собраа синоќа пред шведската амбасада во Џакарта, на протест против палењето на копија од Куранот во Шведска и Холандија.

Loading...

По тој повод демонстрантите ги запалија портретите на данскиот антиисламски активист Расмус Палудан, како и знамињата на Шведска, Данска и Холандија.

Локалните власти ги блокираа улиците што водат до амбасадата, каде што повеќе од 200 полицајци и војници беа распоредени околу зградата на амбасадата, која беше опкружена со бодликава жица, пренесе АП.

На 21 јануари, Палудан запали копија од Куранот за време на протестите пред турската амбасада во Стокхолм, а потоа холандскиот лидер на екстремно десничарското движење Пегида, Едвин Вагенсвелд, искина копија од Куранот во близина на седиштето на холандската влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Тоа ги налути муслиманите ширум светот кои предизвикаа протести во некои земји, вклучително и Индонезија, каде демонстрантите извикуваа „Алах е голем“ и бараа затворање на шведската амбасада во Џакарта.

Претходно индонезиската влада остро го осуди палењето на Куранот и ја покани на интервју шведската амбасадорка Марина Берг.