„Демонстрант во пламен“ – Фотографија на годината во светот

Сподели со своите пријатели

Венецуелскито фотограф Роналдо Шмит, која работи за угледната француска агенција АФП, добитник е на наградата за најдобра фотографија на годината Word Press Phoror и тоа за фотографијата на маж во пламент за време на насилните протести во Каракас минатата година.

Добитници на наградата на најпрестижното натпреварување за најдобра фотографија во светот прогласени се во четврток во Амстердам.

Интересно е што неговиот колега од АФП, Хуан Барето освои трето место за слична фотографија од истиот запален демонстрант која била направена во исто време.

Остнатите финалисти се Ивор Прикет и Адам Фергусон, а и двајцата се „фриленсери“ кои работат обично за Њујорк Тајмс, Патрик Браун од Панос Пикчерс и Тоби Мелвил од Ројтерс.

Шмит победничката фотографија ја направил покривајќи ги противвладините протести. Мотоциклот на Национлната гарда експлодирал пред него додека траеле судирите на демонстрантите и владините сили, а демонстрантот во близина го зафатил и огнот.

Leave a Reply