Делови од Куманово утревечер без вода поради замена на опрема

Сподели со своите пријатели

Корисниците на водоводната мрежа во Куманово кои гравитираат на високата зона ќе останат без вода, поради вградување на мерна опрема и замена на стари затворачи со нови во водоводна шахта на висока зона.

Loading...

Како што информираат од Јавното претпријатие „Водовод“, прекинот ќе биде реализиран од сабота со почеток во 23:00 часот до недела во 04:00 часот.

Без вода во тој период ќе бидат населбата Железничка станица, село Черкези, м.в. Пчински пат, улица „Бајрам Шабани“ од куќен број 63 (спој со улица „Косовски Бригади“) до куќен број 160, како и улиците кои гравитираат на овој потег лево и десно од улица „Бајрам Шабани“.

Предвидените активности се дел од проект „За употреба и одржување на дел од водоснабдителниот систем на град Куманово“ и се реализира преку Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.

Изведувач на овој проект е претпријатието ЦМЦ од Скопје.

Leave a Reply