Делови од Куманово и околината утре без струја

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во текот на утрешниот ден (01.09.2017) ќе останат без електрична енергија во одредени периоди од денот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците „Симо Погачаревиќ“, „Д.Х.Димов“ и „Бајрам Шабани“.

Прекини во електро дистрибутивната мрежа ќе има и во селата Стрима, Гошинце, Лукаре, Раноквце, пресница, Глажња и тоа во период од 08:30 до 15:00 часот.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.