Делегација од Босилеград во посета на Општина Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Денеска во прва официјална посета на Општина Куманово беше Градоначалникот на Босилеград – Србија, Владимир Захариев. На средбата се разговараше за заеднички проекти од областа на културата, како и проширување на понатамошната соработка.

– Ја користам оваа прилика во мое лично име во име на граѓаните на општина Куманово да им посакам добредојде во нашата општина воедно да им се заблагодарам за оваа посета. Разговаравме на повеќе теми помеѓу кои и можеби и соработка на културно ниво но секако и конкретни апликации за пристапните фондови на Европската унија каде конкурстите треба да бидат распишани во следниот период има можност за апликации за повеќе инфраструктурни различни проекти, изјави градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Loading...

Како што додаде Димитриевски се разговарало и за проекти од инфраструктурата и речното корито, зелени површини и друг вид проекти во зависност од апликациите на ЕУ.

– Братската средба со мојот колега од Куманово, покажа дека ние сме еден народ, многу близок тука на 100 километири, имаме ист фолклор, култура и една голема можност не само за да се запознаеме туку и за конкурирање на европски проекти како и за други работи. Го поканивме колегата да испрати делегација од деца од Куманово да го посетат нашиот Велигденски фестивал кој ќе се одржи сега на 7-ми, да дојдат децата да се натрепваруваат да играаат  фолклор и да покажат дека ние во Србија, Бугарија, Македонија не се разликуваме. Разговаравме за ипа проекти за инфраструктура на реката, манастирите, училишта да конкурираме и тоа ќе го направиме и за спортот. Вие сте силни во кошарката, ракоментот, ние имаме други екипи во фудбал, пинг понг, одбојка така што ќе направиме размена, изјави градоначалникот на Босилевград, Владимир Захариев.

 

 

Захариев ги повика граѓаните да го посетат Босилеград, а воедно со неговиот колега од Куманово ќе организираат и заедничка фолклорна дружба.

Leave a Reply