Дел од Затворениот базен и ЈП „Пазариште“ ќе се издаваат под закуп

Сподели со своите пријатели

Преку електронско јавно наддавање Општина Куманово ќе издава деловен простор сопственост на локалната самоуправа и дел од Јавните претпријатија во градот.

На електронско јавно наддавање е издавање под закуп на недвижни ствари – деловен простор дел од објектот Затворен градски базен со пратечки содржини, сопственост на Општина Куманово, кои се издаваат под закуп со дадена согласност со Одлука на Совет на Општина Куманово.

Под закуп ќе се издаде и деловен простор сопственост на ЈП „Пазариште“, кои се издаваат под закуп согласно Олуката на Управниот одбор на јавното претпријатие и дадена согласност со Одлука на Совет на Општина Куманово.

Деловните објекти се издаваат во времетраење од пет години од денот на потпишување на Договорот со најповолниот понудувач, велат од локалната самоуправа.

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на електронското јавно наддавање. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање се доставуваат во рок од 13  дена од денот на објавувањето на огласот, заклучно со ден 18.07.2018 година, во електронска форма на следната интернет страница  www.e-stvari.mk.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои согласно закон  ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Leave a Reply