ДЕФИНИЦИЈА НА БАКСУЗ: Поради озогласеното име никој не сака да го вработи

Сподели со своите пријатели

Еден бродски инжинер од Индија има големи проблеми во барањето работа поради своето име. Имено, овој 25 годишник се вика Садам Хусаин, само една буква во презимето го ралзикува од името и презимето на ирачкиот диктатор Садам Хусеин.

Дедо му бил горд на името што му го дал, со надеж дека еден ден ќе прерасне во позитивно човечко битие.

Некои 25 години подоцна, инжинерот Џамшедпура сфатил дека се изегло баш спротивно и дека името му е најголемиот проблем.

Откако дипломирал пред две години, веќе 40 пати бил одбиен за работа, иако бил одличен студент на Универзитетот Норул Ислам. На крајот сфатил дека со ова име никогаш нема да се вработи, па затоа одлучил да го промени во Саџид Хусаин.

Луѓето се плашат да ме вработат, рекол тој убеден дека работодавците се плашат од можни проблеми со имигрантската служба.

Извадил лична карта, пасоѓ и нова возачка дозвола со новото име, но тоа му создало нови проблеми. Сега дипломата од факултетот не му важи, затоа што гласи на неговото старо име, а Универзитетот одбива да му издаде нова.

На крајот се обратил и до Врховниот суд, со надеж дека ќе успее да го натера Централниот просветен борд да му го реши случајот.

 

Loading...