Децата Роми добија новогодишни пакетчиња од „Англунипе“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Децата од ромска националност денеска добија новогодишни пакетчиња од хуманитарното ромско здружение „Англунипе“.

Околу педесет дечиња кои го изучуваат ромскиот јазик и култура, како и децата од социјално загрозените ромски семејства добија пакетчиња од Дедо Мраз.

 

Loading...

12468142_10205609441340980_2076699223_n

 

Од здружението „Англунипе“ им посакаа многу среќа и здравје на сите дечиња и граѓани на Република Македонија.

За прв пат во нашиот град се изучува ромскиот јазик и култура и ги опфативме сите тие деца, и оние кои се од социјален карактер. Направивме еден пресек од нивното учење, видовме дека сакаат да го учат ромскиот јазик, веќе научиле неколку песнички и тоа ни дава надеж дека овие деца од мали нозе ќе се интегрираат“-изјави Мерџан Демирали, претседател на „Англунипе“.

Тие се заблагодарија на министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски за помошта да се реализира донацијата на новогодишни пакетчиња за децата Роми.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.