Децата од центарот за лица со попреченост ја одиграа претставата „Гледај ме со срце“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска одиграа театарска претстава во рамките на проектот „Гледај ме со срце“.

Претставата со подршка од УНДП, општина Куманово и Секторот за социјала е завршен дел од повеќемесечниот проект и работата на лицата со интелектуална попреченост во соработка со нивните волонтери.

 

Loading...

DSC_0007

 

На претставата присуствуваа и градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, како и постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП и УНФПА за Република Македонија, Луиза Винтон.

Луиза Винтон истакна дека ова е пример како лицата со интелектуална попреченост можат да бидат вклучени во социјалниот и спортскио живот.

УНДП заедно со Министерството за труд и социјална политика работи во Куманово, но не само во Куманово туку и во 41 општина во однос на работно ангажирање на долгорочно невработените лица кои што треба да пружат помош на лицата кои што се социјално исклучени и лицата со интелектуална попреченост, Роми и стари лица и обезбедување грижа за нив – изјави Винтон.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека секоја година општината одвојува 1,5 милиони денари за поддршка за „Порака наша“ во кои има и дел од средства за вакви активности.

Имаме виден напредок во однос на нивните способности, имаме и луѓе кои се талентирани за определени области. Не может еда очекувате резултати на ркаток рок, но во секој случај гледаме дека се среќни и евсели и дека дружбата дава позитивни резултати кај нив – изјави градоначалникот.

Инаку за следната година се планираат уште вакви манифестации со цел да се социјализираат лицата со попречен интелектуален развој.