Децата на пушачите имаат поголеми шанси за развој на срцеви заболувања

Сподели со своите пријатели

Децата чии родители се пушачи, се изложени на ризик од страдање од срцев удар подоцна во текот на животот.

Loading...

Состојба позната како атријална фибрилација или нередовно чукање на срцето е најчеста срцева слабост и го зголемува ризикот од мозочен удар.

Врската помеѓу оваа состојба и пушењето е откриена уште многу одамна, но новите истражувања сугерираат врска со пасивното пушење.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија откриле дека пакувањето цигари што родителот ги пуши во присуство на дете го зголемува ризикот за 18 проценти.

Повеќе од 5.000 деца на возраст под 18 години учествувале во студијата и нивното здравје се следело во текот на следните 40 години. Родителите и децата биле регрутирани уште во 1971 година кога пушењето во домот било особено популарно.

Таа година беше воведена забрана за рекламирање цигари на радио и телевизија.

Само неколку години порано, во 1965 година, скоро 42 проценти од возрасните во Америка пушеле, особено во домовите. Сега таа бројка опадна на 15,5 проценти, според „Дејли меил“.

Од децата кои учествувале во истражувањето, 82 проценти биле изложени на чад од тутун. Родителите биле скринирани на секои 2 до 4 години, а деца од 4 до 8 години.

Loading...

Родителите во просек пушеле околу 10 цигари. Околу еден процент помалку од 18 години го развиваат синдромот за време на нивниот живот.

– Нашето истражување имаше за цел да покаже како пушењето влијае не само на пушачот, туку и на членовите на семејството, особено на најмладите и најранливите. Престанокот на пушењето може да го намали ризикот од овој синдром на глобално ниво – вели авторот на истражувањата професор Грегори Маркус од Универзитетот во Калифорнија.

Овој синдром не е нешто што може да ги доведе луѓето во животен ризик, но го зголемува ризикот од мозочен удар.

Синдромот е одговорен за околу 750.000 хоспитализации и околу 130.000 смртни случаи кога се појавиле компликации, така што се потребни повеќе напори за да се спречи тоа.

Leave a Reply