Децата без родители добија новогодишни пакетчиња од општината (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Децата без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, како и деца под старателство на своите блиски роднини денеска добија на подарок новогодишни пакетчиња од страна на Општина Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”274″]

 

Подароците на 37 дечиња ги врачи градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Секогаш се сеќаваме на децата кои имаат потреба од поддршката на општината со една симболика првин пакетчињата ги даваме на нив. Денеска во соработка со Центарот за социјални грижи и ни даде список и тие се тука 37 дечиња кои имаат третман на старателство во згрижувачки семејства – изјави Дамјановски.

 

Педагогот и координатор за Одделот со деца без родители при Центарот за социјални работи, Наџија Мустаф, истакна дека се што ќе им се даде на овие дечиња за нив значи многу.

Во згрижувачките семејства моментално имаме седум семејства и во нашата општина има 15 деца без родители и родителска грижа што се сместени во нив и околу 20 деца сместени кај најблиските роднини – изјави Мустаф.

 

Наџије Исеиновска, која инаку е згрижувач, вели дека треба да им се пружи на сите мајчинска љубов, затоа што не се важни парите кои им ги дава државата туку е важна хуманоста.

Ќе ги замолам сите кои имаат големи деца или внуци да посвојат и да чуваат деца, тоа е една хуманитарна помош едно добро да направиме за овие деца да имаат топол дом – изјави Исеиновска.

Loading...

 

Инаку ваквата традиција Општина Куманово негува со години наназад, со цел и овие деца да се почувствуваат како дел од општеството.