Де Бур: Во Интер состојбата беше хаотична

Сподели со своите пријатели

Поранешниот тренер на Интер, Франк де Бур, во интервју за „Зиго спорт“ ги наведе причините за неговиот краток и неуспешен престој во Милано велејќи дека играчите не можеле да ги сфатат неговите пораки и дека владеел хаос во тимот.

– Во Италија имав многу проблеми и тоа не само поради јазикот, туку и поради неможноста да ги пренесам моите пораки и идеи. Мојот начин на размислување е многу поблизок до англискиот,  додека во Интер се е засновано на сентиментални вредности. Седум-осум играчи направија клан, а останатите се обидоа да ги разбијат. Состојбата беше хаотична, секој правеше што сака. Кога се обидов да внесам стил на игра базиран на позиционирање…тогаш се случи нешо незамисливо, младинците на Ајакс го прават тоа подобро од нив, истакна Де Бур.

Холандскиот стратег во Интер издржа само неколку месеци, по што замина во Кристал Палас но и таму доби отказ поради лоши резултати/МИА

Leave a Reply