Давос очекува рекордна посетеност на Светскиот економски форум

Сподели со своите пријатели

Рекорден број бизнисмени и владини лидери ќе се соберат следната недела во швајцарскиот зимски центар Давос за да се обидат да ги решат предизвиците кои се движат од глобалниот економски пад до еколошкиот колапс, во рамките на Светскиот економски форум (СЕФ).

Loading...

„Сите западнавме во некаква криза“, рече директорот на СЕФ Клаус Шваб на конференцијата посветена на украинската војна, климатските промени и наизменичните проблеми во снабдувањето со енергија и храна.

Поради пандемијата на Ковид, лидерите последен пат се собраа во 2020 година во јануари, пренесува Танјуг.

Пред две години настанот се одржуваше виртуелно, а минатата година беше поместен за мај, поради зголемувањето на бројот на пациенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

„Давос треба да помогне да се промени начинот на размислување по пандемијата“, рече Шваб.

Иако нема да има Русија, организаторите најавија дека ќе има рекорден број учесници, дека ќе доаѓаат гости од целиот свет и дека од кинеската делегација има очекувања на „високо ниво“.

На форумот што почнува во понеделник и ќе трае до петок, ќе се соберат 52 шефови на држави, 56 министри за финансии, 19 гувернери на централни банки, 30 министри за трговија и 35 министри за надворешни работи.

Во швајцарскиот зимски центар ќе бидат и шефовите на Обединетите нации (ОН), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската трговска организација (СТО).

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Организаторот најави дека Украина, која беше најважниот член на Форумот минатата година, повторно ќе испрати висока делегација.