Давид Темелков го напушто шоуто ”Икс Фактор”

Сподели со своите пријатели

На последното вчерашно издание на „Х фактор“ од 12-те преостанати кадидати, дома си заминаа дури четири. Еден од нив е и Давид Темелков, како и Нина Симиќ, Илија Михаиловиќ и Милан Букилиќ.

Loading...

Боби имаше среќа прв да биде прогласен за полуфиналист, така што сè поголеми се шансите да стигне до финале, па и до победа!

Вечерта ја отвори Магдалена Богиќ со песната „Не се враќаш“ на Каролина Гочева, чиј автор е минатогодишниот победник на „Х фактор“, Даниел Кајмакоски.

Со одличната интерпретација на хитот „По тебе“ од Тоше Проески, Боби повторно ги остави членовите на жирито без коментар.

Во ревијалниот дел настапија специјалните гости на вечерта – нашата Каролина Гочева, која го отпеа својот хит „Кој да ми запее“, а Саша Ковачевиќ го изведе актуелниот сингл „Где смо моја љубави“, најавувајќи и нов видео запис за недела дена.


 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.