Давид Спасовски и Марко Стојковиќ дел од ММА турнирот „GFC3“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Викендов во Врање, Република Србија ќе се одржи вистински спектакл во мешани боречни вештини ММА професионални борви во кафез во Спортската сала „Младост“ под наслов GFC3.

Честа да ги бранат боите на градот ќе го има ММА Клубот Куманово 2006 од каде неколку членови ќе заминат на овој турнир.

 

Loading...

 

Еден од нив е Давид Спасовски кој ќе се натпреварува во категоријата до -77 килограми. Негов противник е Јован Кандиќ од Крушевац, Србија. Со Спасовски, на турнирот ќе учествува и кумановецот Марко Стојковиќ во категоријата до 70 килограми чијшто противник ќе биде Марко Позанин.

– Тие предводени од нашиот истакнат репрезентативец на Македонија долги години во кик бокс и ММА професијата, настаник по физичко образование и тренер и претседател на клубот, ќе бидат амбасадори на Куманово тој ден. Изминатиот период напорно трениравме и мислам дека сме подготвени да го дадеме максимумот да прикажеме добри борби и достојно да го претставиме градот и клубот Куманово. Благодарност до новиот градоначалник Максим Димитриевски и Општинскиот сојуз на спортови, како и на правните субјекти Кабаре Тунел и Мултимедија нет кои помогнаа за да го реализираме нашето учество на овој турнир, вели Сашо Илиевски, тренер на Кик бокс и ММА клуб Куманово.

Илиевски ги повика љубителите на овој спорт да дојдат и да уживаат на овој несекојдневен настан, а воедно да дадат поддршка на кумановските претставници.