Давид Спасовски и Лука Велковски брилираа на кик-бокс и ММА првенството (фото)

Сподели со своите пријатели

Второ и петто место освоија членовите на Кик бокс и ММА клуб Куманово на Државното првенство кое изминатиот викенд се одржа на скопскиот саем, а каде учество зедоа 100 натпреварувачи од 25 клубови од државата.

Давид Спасовски во јуниорска конкуреција го освои второто место во категоријата кик лајт до 79 килограми. Ова е прв настап на Спасовски на првенството каде во финалето и покрај тоа што одлично му се спротистави на противникот од клубот „Енерџи“ од Битола не успеа да дојде до златниот медал.

Лука Велковски настапи во кадеткста конкуренција, каде во четврт финалето во дисциплината кик-лајт до 65 килограми беше поразен на поени од противникот од Тетово. И за Велковски ова е прв настап на спортски настап од ваков тип.

Севкупно ние од клубот и јас како тренер сум задоволен од постигнатите резултати и настапите на двајцата натпреварувачи и очекуваме успех и во иднина. Огромна благодарност до градоначалникот и општината за поддршката што константно ја дава на нашиот клуб, без која не би можеле да ги реализираме овие натпреварувања – изјави Сашо Илиевски, тренер во Кик-бокс и ММА клуб Куманово.

Кумановскиот клуб го има и најдобриот кик-боксер во државата, откако и оваа година Филип Наковски стана државен шампион.